Skip to content →

Закон за млади во Македонија

Македонија е една од ретките земји на Балканот каде до сега не постоеше закон за млади. Во 2018 година се започнува процесот на подготовка на закон за млади. Досега, ова е уникатен процес за Македонија каде предлог текстот од самиот почеток се креира заеднички од страна на пратениците, владата и граѓанските организации.


Моментално е формирана работна група за креирање на предлог закон за млади составени од пратениците од Клубот за младински прашања и политики, претставници на владините институции и 10 претставници на младински организации.
Младинскиот клуб го најави процесот на започнување на креирање на предлог закон за млади со покана за јавна расправа до младинските организации од Македонија на тема “Каков закон за млади ни треба?”. Јавната расправа се случи на 11.04.2018 во Собранието на Република Македонија. За збор на јавната расправа се јавија пратениците од политичките партии и претставници на младинските организации.
Процесот на консултација за креирање на предлог закон за млади се најавува да започне во наредниот период.

 

Националниот младински совет на Македонија, како претставничко тело на млади е дел од работната група со 5 претставници, експерти на полето младински прашања. Дополнително, помеѓу членството на НМСМ е формирана под-работна група за темата.

До наредните случувања.

Published in POLICIES