Skip to content →

Младите од Македонија заедно со владините институции работат на подобрување на младинските политики во земјата

Известивме неколку пати за спроведувањето на младинската гаранција во Македонија, која е единствената младинска политика во државата која ја имплементираат владините институции во соработка со младинскиот сектор од земјата.

Владините институции ја водат програмата, ги креираат мерките за вработување на младите, одобруваат буџет за истите и ги спроведуваат. Националниот младински совет на Македонија, преку своите членки организации спроведуваат теренска работа на општините на територија на град Скопје. Теренската работа ја спроведуваат теренски работници кои на терен мапираат млади лица кои не се во образование, работа или обука. Тие активно работат на терен од август 2018.

Теренските работници ќе бидат првите учесници на Програмата за развивање на компетенции за автономно вработување, дел од проектните активности на PYLE проектот, која ќе се спроведува во Скопје во периодот од декември 2018 до март 2019.

Во Резолуцијата на Европскиот парламент од 29 ноември 2018 година за Извештајот на Комисијата за Република Македонија од 2018 година, во точка 51, Европскиот парламент го поздрави партнерството помеѓу Националниот младински совет на МакедонијаВлада на Република Македонија и Министерство за труд и социјална политика во имплементацијата на програмата Гаранција за млади, како добар механизам за соработка помеѓу младите луѓе и носителите на одлуки во формулирањето и спроведувањето на младинските политики, и повика на Владата да ја зголеми финансиската поддршка за младинските организации и младите луѓе.

Целосната резолуција тука 

Published in POLICIES