Skip to content →

Стратегија за образование на возрасни во Македонија

Македонија ја препознава важноста од развојот на образованието на возрасни и затоа е подготвена Национална стратегија за образование на возрасни. Стратегијата се имплементира во период од 2016 до 2020 година. Во изминатиот период, Стратегијата за образование на возрасни беше имплементирана од 2010 до 2015 година. Направена е ревизија и евалуација на истата врз основа на што е подготвена новата стратегија.

Стратешките цели за Националната стратегија 2016-2020 се:

Цел. 1.Подобрување на привлечноста на учеството во образованието nа возрасни

Цел. 2.Воспоставување на систем за осигурување на квалитет во рамките на образованието на возрасни

Цел 3.Развој на систем за валидација на претходно учење

Цел. 4.Подобрување на организацијата, управувањето и финансирањето на образованието на возрасни

Цел 5. Воспоставување на систем за јавно образование на возрасни преку реформирање на јавните образовни институции за образование на возрасни Отворените граѓански универзитети за доживотно учење/Работнички универзитети

Цел. 6.Јакнење на истражувањето, експертизата и развојните проекти во областа на образование нa возрасни

Цел. 7.Подобрување на партнерствата во областа на образование на возрасни

Цел. 8.Следење и евалуација на образованието на возрасните

Целосната стратегија може да се најде тука

Published in POLICIES