Skip to content →

Трет модул од програмата за автономно вработување

Во периодот од 11ти до 15ти февруари се одвиваше третиот модул од програмата за автономно вработување. Учесниците во оваа недела работеа на осознавање на анализата на потребите на локална заедница.

Во текот на обуката учесниците се запознаа со начините на спроведување анализа на потреби на локална заедница и методите со кои таа може да се спроведе.

На оваа обука учесниците се запознаа подлабоко и со автономното вработување, социјалните претпријатија, кооперативите и различните видови на вработување и функционирање на претпријатијата.

Учесниците се поделија во тимови и започнаа со планирање на нивните локални акции.

Во тимови од 2ца учесници, менторирани од страна на обучувачите на програмата тие ќе спроведат активности на локално ниво со кои ќе ги анализираат потребите на заедницата.

Published in PYLE NEWS

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *