Skip to content →

Месечни состаноци за PYLE проектот

Секој месец, тимот на Крик организира координативни состаноци за активностите кои се во тек од проектот PYLE. На денешниот состанок се планираа наредните активности. Се разговараше за тековната долгорочна програма за обука за ментори за автономно вработување и наредните активности.

Повеќе слики од програмата можете да најдете на фејсбук профилот на Крик на следниот линк

Тимот на Крик започна и со подготовка за наредната транснационална средба која ќе се случи во Љубљана, Словенија. На наредната средба 5 претставници од Крик ќе учествуваат. Претсавниците од Крик кои ќе присуствуваат на средбата се обучувачите од програмата за ментори за автономно вработување, проектниот координатор на проектор и дел од учесниците од програмата. На наредниот состанок како главна тема ќе биде дискусијата околу националните препораки кои секој од партнерите ќе ги посочи за долгорочната програма.

Published in PYLE NEWS

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *