Skip to content →

Практична работа на терен како дел од програмата за ментори за автономно вработување

Учесниците од програмата за ментори за автономно вработување продолжуваат со активностите. Во периодот на месец февруари и почеток на март, поделени во тимови тие прават анализа на потребите на локалната заедница. Учесниците се поделени во тимови од двајца менторирани од обучувачите од програмата Мила и Драган. Првиот тим, Симона и Марија се подготвени за работа. Тие се менторирани од Мила и подготвија план за анализа на потребите на локалната заедница. Истражувајки за потребите од различни стручни кадри на пазарот на трудот, тие воочија дека постои дефицит од стручни кадри во Македонија. Поточно, тие ги погледнаа планираните бројки за студенти на Факултетите за шумарство, земјоделие и технологија каде квотата за ново запишани студенти изнесува 700. Квотата ја одредува државата врз основа на потребите на пазарот на трудот. На факултетите се запишуваат секоја година по 100 од предвидените 700. Овие статистички податоци даваат информација дека Македонија има дефицит од овие кадри. Тие решија да ги испитаат ставовите на учениците кои завршуваат 4та година од едно средно училиште од Скопје-Никола Карев. Тие подготвија акциски план, план на анализата на потребите и прашалник кој ќе го користат за да ги испитаат ставовите на учениците. Прашалникот може да се најде на следниот линк

Прашалникот ќе биде споделуван онлајн и исто така Марија и Симона ќе работат на терен, пред училиштето. Им посакуваме одлична работа и ќе ве известуваме за наредните чекори и заклучоци од анализата. 

Published in PYLE NEWS