Skip to content →

Учесниците од програмата за ментори за автономно вработување активно продолжуваат со работа

Програмата за ментори за автономно вработување тече со процесот на практична работа. Запознајте го третиот тим кој работи на анализа на потребите на локалната заедница Константин и Бурим. Коки и Бурим, менторирани од Драган работат на анализа на степенот на запознаеност на средношколците од средното училиште во Сарај со автомното вработување. Коки и Бурим решија да ја истражат запознаеноста на средношколците од средното училиште во Сарај со автономното вработување. Ова истражување ќе донесе и повеќе резултати во насока на размислувањата на младите средношколци “надвор од кутијата”.

Под менторство на Драган, тие досега ги подготвија планот на анализата и акцискиот план. Започнуваат со теренската работа наредниов период.

Менторите ги менторираат учесниците преку не формални средби во кафулиња или во канцеларијата на Крик. Тие исто така се во постојан контакт преку социјалните медиуми.

Следете на за повеќе информации.

Published in PYLE NEWS