Skip to content →

Едно поразлично младинско учество

Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Маладиинфо Интеранционал (Македонија).

Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.

Во склоп на активностите на проектот во периодот од Февруари до Март 2019, се имплементираат 5 чајанки, на кои активно учество ќе земат млади лица со и без попреченост.

Чајанките имаат за цел да младите лица со попреченост и без земат учество во различни сфери од секојдневниот живот. Вообичаено активностите се реализираат во конференциски, тренинг сали и слично. Овој пат, тимот одлучи да овие средби ги направи на еден поинаков начин и организира едукативни настани низ најпополарните Скопски кафулиња.

Во тек е 3тата чајанка која ќе се спроведе во кафулето Dejavu во центарот Capitol на 14.03.2019 четврток со почеток од 20:00 часот.
Чајанките се организирани од тим составен од младински работници и опфаќаат активности од едукативен и забавен карактер и имаат за цел да ја зголемат социјалната инклузија на младите лица со попреченост, кои ќе имаат можност да поминат време со свои врсници со типичен развој.

За оние кои сакаат да бидат дел од чајанката, пријавување се врши на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfjjr2MPkMjWRvZEoqkpFUIpFI3wbyNwHcLyg2JyMbrFGMukg/viewform

најдоцна до 13ти Март, а тимот на Крик ќе ве контактира за подетални информации.

Published in SOMEONE DID IT