Skip to content →

ДАТА БАЗА СО КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ ОД ДНЕВНИ ЦЕНТРИ, СПЕЦИЈАЛНИ ШКОЛИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ РАБОТАТ ВО РЕГИОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за младински активизам ЦМА Крик во периодот од септември 2018 до јануари 2019 работеше на мапирање за дата база на контакт информации од дневни центри, специјални школи и младински организации кои работат во регионите од Македонија. Дата базата е подготвена со цел да се олесни и стимулира меѓусекторската соработка помеѓу дневните центри, специјалните школи и младинските организации на локално ниво. Во самиот документ можат да се најдат основни контакт информации од овие организации и информации за бројот на корисници и активностите кои тие ги спроведуваат. Дата базата е подготвена како дел од проектот Младинско учество за сите. Во рамки на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ , како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.  Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија. Дата базата можете да ја најдете на следниот линк

Published in SOMEONE DID IT

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *