Желбата на еден млад човек од Македонија за творење преточена во краткометражен филм со наслов Услов. Автономното вработување во Макеоднија како тема не е многу актуелно, но младите со своите идеи и постапки спонтано се стремат кон тоа.
Кога младите лица самите творат, имаат поголема слобода и градат чувство за самоодговорност што им дава можност да се развиваат како личности и да придонесуваат кон заедницата.
Даниел Шикоски обработи една интересна социјална појава во краткометражен филм. Филмот е за еден млад ентузијаст кој е многу вреден и талентиран и постојано работи на сите страни и е успешен, а во исто време е опуштен тип, не премногу сериозен и строг. Во компанијата кај што работи му нудат унапредување и тој прифаќа, но на вториот состанок, кога треба да склучи договор за унапредување му поставуваат еден услов што тој го гледа како напад врз неговата слобода. Заради тоа во него има внатрешна војна дали да го прифати унапредувањето и за сметка на тоа да се откаже од својата слобода или да си ја задржи слободата и да го одбие унапредувањето. Филмот е завршен продукт на мастерклас програмата за игран филм на проф. Владимир Блажевски, со соработник на сценарио Дејан Дуковски на ДАСТА Академија.
Првата промоција на филмот се случи пред неколку месеци. На ден 26.04.2018 год., во 18:00 часот, во просториите на Младински Центар – Крикни ќе се прикаже краткометражниот филм УСЛОВ. По филмот следи дискусија на тема: Поставување услови како актуелност во општеството – да се прифати или не? Со овој настан се поттикнува критичноста кај младите луѓе, воедно кон филмот и кон темата која е актуелизирана.
За уште многу вакви младински будења.