Младинската работа во Македонија има потреба од поставување на стандарди за квалитет за да се осигураме дека младите ја добиваат поддршката каква што заслужуваат кон нивниот развој и нивното активно учество во заедницата. Токму затоа а и заради помагање на развојот на младинските работници Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и во соработка со Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport и Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Coalition of youth organizations SEGA, официјално започна со процесот на подготовка на Стандарди за квалитет на младинска работа и Национално портфолио за младинска работа.
Во наредниот период ќе се организираат 5 консултативни средби низ различни градови во Македонија.
Првата средба се случи на 22.11.2018 во ЕУ инфо центарот во Скопје-Националната конференција за важноста на постоењето на Национални стандарди за квалитет и Национално портфолио за младинска работа. На конференцијата се дискутираше за тековните процеси за признавање и унапредување на младинската работа. Говорниците успешно и детално ја доловија ситуацијата со младинската работа во Република Македонија, а НАПОР од Србија споделија искуства поврзани со поставување на Стандарди за квалитет на младинската работа во Србија.
Втората средба се случи на 26.11.2018 во Штип. Третата средба е закажана за 14.12.2018 во Гостивар. Останатите 2 средби ќе се случат во Битола и Скопје.
Проектните активности се одвиваат како дел од проектот „Квалитетна младинска работа: рамка за понатамошен развој на младинската работа“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.