Изминатиот период интересни активности се случуваа во Македонија. Нов Закон за данок на личен доход се подготвува во Македонија. Како дел од предлог Законот во точката 41 став 1, член 12 предвидува плаќање на данок на доход за сместување, храна и превоз за учесници на настани кои траат повеќе од 5 денови организирани од организации основани според Закон за здруженија на граѓани и фондации. До сега, во Македонија, не се плаќаше данок на личен доход по оваа основа.
Оваа политика ќе се одрази негативно на работата на здруженијата на граѓани и организациите, а најмногу на младинските организации и организациите кои работат за млади.
Националниот младински совет на Македонија, поддржан од 87 граѓански организации и фондации го поддржаа барањето за промена на оваа одредба.
87 граѓански организации и фондации го поддржаа барањето за промена на оваа одредба, односно настаните организирани од граѓански организации и фондации да не бидат предмет на одданочување.
Целосното барање за измените на Предлог Закон за данок на личен доход
http://www.nms.org.mk/mk/baranje-za-izmeni-na-predlog-zakon-za-danok-na-lichen-dohod/?fbclid=IwAR3UGYWyMZTIBhphfyPYQHs1mfeuSMiXvKvwycbeq4DzrTClqEaVbUS9xlc
На јавната расправа беа поднесени вкупно 22 амандмани кои доаѓаа од здруженија на граѓани и комори, 8 беа прифатени. НМСМ заедно со Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF , Center for Intercultural Dialogue (CID) поднесоа 8 барања за промена на амандмани, од кои 3 беа прифатени.
Заедничкиот амандман кој што беше поддржан и од други 84 граѓански организации, а се однесуваше на плаќањето на данок за личен доход на учесници на семинари/тренинзи/обуки/размени подолги од 5 дена, беше прифатен од страната на Министерство за финансии, а беше поднесен, поддржан и изгласан од сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија. Амандманот го тргна времетрањето од над 5 дена, со што се ослободени сите организации кои организираат настани подолги од 5 дена од плаќање на данок на личен доход за своите учесници.
Чекор по чекор се движиме кон граѓанско општество.