Во 2006 година Собранието на Република Македонија ја донесе „Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015“. Како интегрален дел од Националната програмата е вклучена и „Програмата за образование на возрасните во Република Македонија во контекст на доживотното учење“ како стратешки документ. Во 2010 година е подготвена и првата Национална стратегија за образование на возрасни.
Со новата програма за андрогогија студентите ќе стекнат увид во теориските основи и компоненти на наставната работа со возрасни и ќе се воведат во современите текови на програмирање, реализирање и вреднување на образовната работа со возрасни. Студентите ќе стекнат компетенции за планирање, организација, реализација и евалуација на образованието на возрасните.
Според одредени статистики учеството на возрасните во процесите на доживотно учење во Република Македонија изнесува 3,4 отсто, а треба да биде најмлаку 15 отсто.
Студентите на Институтот за педагогија сега ќе имаат можност за поголем избор во согласност со нивните интереси. Тие ќе можат да избираат меѓу студиската програма по педагогија и студиската програма по андрагогија. Високата компатибилност на двете програми ќе им овозможи на дипломираните студенти, за кус временски период и преку полагање на диференцијални предемети да можат да ги завршат двете студиски програми.