Крик секоја година организира младински интегративни програми во специјалните училишта. Како дел од програмата која ја спроведуваме, младинските работници кои работат во Заводот за рехабилитација на деца и младинци решија да една работилница посветат на презентација на проектните активности од PYLE проектот. Билјана Иванова и Јована Атанасовска кои се дел од долгорочната програма за ментори за автономно вработување а воедно и младински работници на програмата во Завод одржаа презентација пред учесниците за Долгорочната програма од PYLE проектот.
Освен презентацијата, тие разговараа исто така и за можни професии кои учениците би сакале да ги имаат во иднина и им објаснија што значи автономното вработување.