Центарот за младински активизам ЦМА Крик во периодот од септември 2018 до јануари 2019 работеше на мапирање за дата база на контакт информации од дневни центри, специјални школи и младински организации кои работат во регионите од Македонија. Дата базата е подготвена со цел да се олесни и стимулира меѓусекторската соработка помеѓу дневните центри, специјалните школи и младинските организации на локално ниво. Во самиот документ можат да се најдат основни контакт информации од овие организации и информации за бројот на корисници и активностите кои тие ги спроведуваат. Дата базата е подготвена како дел од проектот Младинско учество за сите. Во рамки на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ , како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот „Youth Participation for ALL!“. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во нивниот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво. Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ трае четири години. Тој е поддржан од Европската Комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Foundation(Србија), Прима Асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо Интеранционал (Македонија). Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Проектот “Youth Participation for ALL” се спроведува во рамки на регионалниот проект „Средиште на младински банки за западен балкан и Турција“, а финансиран од Европска Унија. Дата базата можете да ја најдете на следниот линк
ДАТА БАЗА СО КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ ОД ДНЕВНИ ЦЕНТРИ, СПЕЦИЈАЛНИ ШКОЛИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ РАБОТАТ ВО РЕГИОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Published in SOMEONE DID IT