Skip to content →

Втор модул од програмата за развивање на компетенции за автономно вработување

Се одржа и вториот модул од програмата за развивање на компетенции за автономно вработување.

Вториот модул се одржа во втората недела од месец јануари. Учесниците на овој модул се запознаа повеќе со концептот на анализа на потребите на локалната заедница и работеа на својот личен развој. Тие работеа на поставување цели за развивање на нивните капацитети. Заедно ги набројавме оние капацитети кои ние сметаме дека се најважни да ги има менторот кој би ги менторирал лицата кои би работеле на автономно вработување.

Вториот модул се одржа во тренинг просторот на Центар за младински активизам Цма Крик во Пржино, Скопје.

Наредниот модул е закажан за втората недела од февруари 2019 година.

Published in PYLE NEWS