Skip to content →

Започна процесот на консултативни процеси за важноста за постоење на Национални стандарди за квалитет и Национално портфолио за младинска работа

Младинската работа во Македонија има потреба од поставување на стандарди за квалитет за да се осигураме дека младите ја добиваат поддршката каква што заслужуваат кон нивниот развој и нивното активно учество во заедницата. Токму затоа а и заради помагање на развојот на младинските работници Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и во соработка со Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport и Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Coalition of youth organizations SEGA, официјално започна со процесот на подготовка на Стандарди за квалитет на младинска работа и Национално портфолио за младинска работа. 

Во наредниот период ќе се организираат 5 консултативни средби низ различни градови во Македонија.

Првата средба се случи на 22.11.2018 во ЕУ инфо центарот во Скопје-Националната конференција за важноста на постоењето на Национални стандарди за квалитет и Национално портфолио за младинска работа. На конференцијата се дискутираше за тековните процеси за признавање и унапредување на младинската работа. Говорниците успешно и детално ја доловија ситуацијата со младинската работа во Република Македонија, а НАПОР од Србија споделија искуства поврзани со поставување на Стандарди за квалитет на младинската работа во Србија. 

Втората средба се случи на 26.11.2018 во Штип. Третата средба е закажана за 14.12.2018 во Гостивар. Останатите 2 средби ќе се случат во Битола и Скопје.

Проектните активности се одвиваат како дел од проектот „Квалитетна младинска работа: рамка за понатамошен развој на младинската работа“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Published in POLICIES